Скопје/Охрид, 10. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во месец август во Охрид биле издадени 5 одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија.
Од нив 3 се на физички лица, додека 2 на деловни субјекти. Предвидена е градба на 42 станови со вкупна корисна површина од 2.922 м². Во анализираниот период во општините Струга и Дебрца е издадено по едно одобрение за градба на физички лица.
На ниво на Република Македонија, во август годинава издадени се 275 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија, 165 се наменети за објекти од високоградба, 45 за објекти од нискоградба и 65 за објекти за реконструкција. Од вкупно 275 објекти, на 167 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 108 инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 531 станови, со вкупна корисна површина од 52.648 м². (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес