март 4, 2015

Скопје, 4. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Горила продукција, во Арена “БорисТрајковски“ на 3-ти април, после цели осум години во Скопје, ќе се одржи концерт на Владо Јаневски.

Концертот на 3-ти април на кој ќе го придружуваат најдобрите македонски музичари, ќе биде прилика за сите фанови по долго време заедно со Владо да ги отпеат многубројните хит рефрени.

Неговите песни одамна веќе важат за евергрини кои живеат во срцата на сите вљубени.

Влезниците се продаваат во продажната мрежа на МкТикетс низ Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука