Струга, 30. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти јануари 2024 година, околу 12:30 часот во близина на Граничниот премин „Ќафасан“, при обид за илегален излез од државата, кај местото викано „Борови“, полициски службеници лишиле од слобода 19-годишно лице од Република Албанија поради тоа што не поседувал документ за идентификација.
– Тој бил задржан во Полициска станица за граничен надзор Франгово за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 22