Охрид, 28. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во основното училиште „Братство“, вчера се одржа промоција на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.
Како единствено мултикултурно училиште од охридскиот регион, „Братство“ е избрано да биде модел во проектот.
Директорот Муамер Доко, на промоцијата посочи дека „Братство“ е училиште-пример кој треба да се искористи за изградба на добра соработка и добар соживот помеѓу заедниците со различни култури. Доко изрази благодарност до вработените во оваа образовна установа кои, како што рече, даваат несебичен придонес за да може училиштето да функционира беспрекорно.
Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието е четиригодишна иницијатива која соработува со сите релевантни институции во процесот на етничкото интегрирање. Проектот е насочен кон создавање политичка, социјална и економска клима потребна за да се постигне одржлива интеретничка интеграција во училиштата како и во целото општество. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива