Струга, 10. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес со почеток во 17:00 часот во Клубот на пензионери во Вевчани, ќе се одржи трибина на тема: „Перспективите на руралниот туризам во република Македонија со осврт на општина Вевчани“.
Предавач ќе биде проф. Д-р Никола Панов.
Проф. Д-р Никола Панов е член на Одделението за традиции и култура на Академијата на убави уметности Вевчани. Тој е редовен професор на Институтот за географија при Природно Математичкиот Факултет во Скопје. Доктор е на географски науки, а негови главни дисциплини во интерес му се: Социо-економска географија и Туризам.
Денешната трибина е дел од пропратната програма на претстојното издание на Вевчанскиот карневал 2017. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24