Охрид, 20. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со театарската претстава „Добредојде Нова Годино“ на градскиот плоштад во Охрид, во вторник, 24-ти декември од 12:30 часот започнува новогодишната програма наменета за најмладите.
Проектот „Охридска новогодишна приказна“ што ќе трае до 31-ви декември, опфаќа 20 забавни настани, а ќе се одржуваат дел напладне, дел во вечерните часови.
Предвидени се бројни театарски претстави, концерти, танцов фестивал и новогодишни базари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 18