Охрид, 3. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 2-ри ноември 2024 година, во 09:05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на се случила сообраќајна незгода на магистралниот пат Охрид-село Подмоље, во која е повредено едно лице.
– Патничко возило марка „Опел корса“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 48-годишно лице од селото Велмеј, Општина Дебрца, откако претекнувал две возила, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. За настанот бил известен јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 279