Скопје, 16. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Негативен ПЦР тест направен 48 часа пред патувањето ќе биде задолжителен за патниците од сите земји кои пристигнуваат во Грција.
Според соопштението на грчкото министерство за здравство одлуката е во рамки на напорите за контрола на пандемијата на Covid-19, а ќе стапи во сила во недела наутро.
Мерката важи за сите патници без разлика дали се вакцинирани или не и без разлика на кој начин пристигнуваат во Грција. (Крај)
извор: Р.С. Европа фото: архива
Прочитано: 16