Охрид, 13. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот јануари- декември 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите кои го посетиле Охрид е зголемен.
Во месец декември минатата година, зголемен е бројот како на домашните, така и на странските туристи.
Во периодот јануари-декември 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, исто така има и зголемување на бројот на ноќевањата кај странските туристи, додека кај домашните туристи има намалување, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 30