Охрид, 9. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во декември минатата година во Охрид се издадени 3 одобренија за градење, односно регистрирано е намалување во однос на истиот месец претходната година.
Според видот на инвеститорот, од 3-те одобренија за градба, 2 биле за физичко лице, а 1 за деловен субјект. Предвидената вредност на објектите е 4 милиони и 42 илјади денари.
Додека соседна Струга бележи зголемување на издадени одобренија за градба во споредба со месец ноември минатата година, како и месец декември 2013 година. За овој период во Струга биле издадени вкупно 32 одобренија за градење, од кои 25 на физички лица и 7 за деловни субјекти. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26