Охрид, 18. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22 годишниот С.И од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба”.
Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот јануари-март оваа година од куќа на улицата „Дејан Војвода“ во сопственост на С.М. од Охрид. Откако влегол во куќата, извршил пребарување и одзел: три детски велосипеди, една машина за перње алишта, три шлајферици, апарат за заварување, хилта, десет столови, една стаклена маса, машина за миење садови, една вградена рерна, микробранова печка и разновиден кујнски прибор.
Потоа, од горниот кат на куќата одзел ЛЦД телевизор и четири собни врати.
На овој начин, пријавениот С.И. се стекнал со противправна имотна корист од околу 250.000 денари. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива