март 8, 2017

Охрид, 8. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од 3 до 5 март во Извидничкиот центар во Охрид се одржа извидничка Школа за ориентација и топографија за младите членови од повеќе одреди од Македонија.

Носител на активностите беше Сојузот на извидници на Македонија кој на овој начин се стреми кон правилен и здрав психофизички развој на децата и младите, за што секоја година организира школи и тренинзи на различни теми кои ги спроведуваат искусни и обучени тренери.

– Школата во Охрид беше организирана паралелно во две групи, при што групата А работеше на запознавање со основите на ориентација и топографија, додека извидниците од групата Б учеа да цртаат материјали, како што се кроки и скица и решавање задачи на карта. Целта на обуката е што полесно разбирање и изучување на ориентацијата во природа, како и топографијата која е една од најстарите гранки на извидништвото. Преку настанот се цели кон обучување на извидници и мотивирање на истите за посета на Државниот извиднички ориентационен натпревар, велат од Извидничкиот сојуз на Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Сојуз на Извидници Македонија

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука