Вашингтон, 11. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Скоро 20 илјади странци војуваат во редовите на екстремистичката група „Исламска држава” и други терористички формации во Сирија, изјави претставник на Националниот контратерористичен центар на САД.
Според НКЦ во составот на „Исламска држава” војуваат претставници на 90 земји од целиот свет. Најмалку 3,4 илјади се Европејци и над 150 – Американци.
Директорот на НКЦ, Николас Расмусен истакна дека најголем број доброволци има за „Исламска држава”. (Крај)
извор: Интерфакс фото: архива
Прочитано: 20