мај 25, 2021

Скопје/Охрид, 25. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекува вкупно 181 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, позитивни и суспектни на COVID-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 5 пациенти, во Велес се лекуваат 17 болни, а во Куманово 34 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 25 пациенти, во Прилеп 12, во ковид центарот во Гостивар 2, а во Струга 22 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациент, во Кочани 4 во Кичево 7, Кавадарци 4, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 318 и има околу 574 празни болнички кревети во ковид центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука