Во куќа во Љубаништа полицијата пронајде марихуана, приведен 39-годишен охриѓанец
октомври 5, 2024

Охрид, 5. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти октомври 2024 година, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, од слобода лишија 39-годишно лице од Охрид.

– При претрес во викенд куќа во охридското село Љубаништа, која тој ја користел, пронајдени се марихуана и засадени растенија. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука