Во македонските хотели и кафеани само во првите 9 месеци од 2024 година потрошени над 270 милиони евра
јануари 11, 2025

Скопје/Охрид, 11. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Само во првите 9 месеци од 2024 година, во македонските хотели и кафеани биле потрошени над 270 милиони евра, што е зголемување за 23,7 милиони евра во споредба со истиот период од 2023 година.

Ова го покажауваат последните официјлани податоци на Државниот Завод за статистика (ДЗС), според кои најголем дел од добивките се забележани во третиот квартал во 2024 година во угостителско-хотелскиот сектор каде е направен приход од 115 милиони евра, што е 42,6 насто во однос на вкупниот приход од сите 9 месеци.

Иако растот делумно се должи и на инфлацијата која во угостителскиот сектор изнесувала 5,5%, сепак значителениот дел од потрошувачката е резултат на зголемената активност во кафеаните и кафе баровите. Според претседателот на угостителската комора, Аркан Керим, ваквата состојба најмногу се должи на посетата на туристите во Република Македонија, кои во најголем број се дојдени од Турција.

– Па приходите се должат на странските туристи, кои дојдоа во многу зголемен број. Имате само 265.000 повеќе странски туристи само од Република Турција дојдени во Република Македонија и сите тие ручаат, вечераат, доручкуваат по хотелите. Мислам дека најголем број околу 40 до 50% од зголемувањето е на странски туристи, вели Аркан Керим, претседател на угостителската комора во рамки на Сојузот на стопански комори.

Комплетната информација на Тв Алфа ОВДЕ. (Крај)

извор: Тв Алфа/Љубиша Владимиров фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука