февруари 16, 2015

Штип, 16. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви март во „Club Mystic“ во Штип, по трети пат ќе се одржи „Wake Up Music Festival 3“, пролетен настан за љубителите на електронската музика.

Најавен е настапот на реномирани музички имиња, со цел да се достигне врвот на клубската сцена во регионот. Концептот на овој музички фестивал посветен на електронската музика има за цел да ја разбуди безграничноста и сплотеноста која ја прокламира музиката. Изборот на артисти и оваа година е направен од квалитетни и веќе докажани диџејски музички имиња од Македонија, како и ексклузивниот гостин на вечерта, моментално еден од најпопуларните ДЈ-и помеѓу помладата популација, ДЈ Кико Наваро.

Свои настапи ќе имаат ДЈ Иванн, по кој следат Василе, ДЈ Лаки, Оливер Петковски, а крајот на фестивалот ќе го означи ДЈ Борче Панов со свој настап кој ќе започне во 4:00 и ќе заврши во раните утрински часови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука