Струга, 8. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Оваа пролет ќе биде обновен објектот на средното училиште „Ибрахим Темо“ во Струга.
Со буџет од околу 12,5 милиони денари е предвидено да се реновираат просториите на училиштето. За изведувачи се избрани фирмите „Промонтинг“ од Скопје и „ВИА“ од Вевчани.
Времетраењето на потпишаните договори е три месеци. Тендерската постапка за избор на изведувач за реконструкцијата на овие три училишта започна кон крајот на 2016 година. (Крај)
извор: Build.mk фото: Дојче Веле
Прочитано: 28