Охрид, 9. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бранат интересите на Охрид во новиот Парламентарен состав.
Во 5 Изборна единица, дваесетте мандати се поделени меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Европскиот фронт, Коалицијата Вреди и ЗНАМ.
Најмногу, 10, мандати обезбеди Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ. Покрај Сајкоски, од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието влегуваат и Олга Лозановска, Сашо Донев, Пеце Милевски, Јован Јаулески, Лидија Петкоска, Мевмед Џафери, Кире Божиновски, Силвана Ангелевска и Грација Бакраческа.
Јован Митрески од СДСМ обезбеди 4 мандати, од кои еден за себе и три за Бисера Костадиновска- Стојчевска, Митко Трајчулески, Боби Мојсоски.
Во новиот состав на Собранието на Република Македонија, 120 те пратеници ќе бидат од четири коалиции и две политички партии.
Најголем број на гласови освои коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 431.251 или 43,23% од гласовите. Коалицијата предводена од СДСМ освои 153.250 гласа или 15,36% од гласовите, коалицијата предводена од ДУИ освои 137.486 гласови или 13,78%, Коалицијата „Вреди“ освои 106.991 гласови или 10,72%, партијата „Левица“ освои 67.338 гласови или 6,75% и движењето „ЗНАМ“ освои 55.539 глас или 5,57% од гласовите на граѓаните кои го остварија своето право на глас.
Во мандати, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ освои 58 мандати, Коалицијата „Европски Фронт“ на ДУИ освои 19, Коалицијата „За Европска иднина“ на СДСМ освои 18, Коалицијата „Влен“ свои 13 и партијата Левица и Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија освоија по 6 пратенички мандати. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива