Во ноември 2024 година во Охрид издадени 5 одобренија за градба, во Струга едно, во Дебрца ниту едно
јануари 13, 2025

Охрид, 13. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во месец ноември 2024 година во Охрид биле издадени 5 одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија.

Од нив едно е на физичко лице, додека 4 на деловни субјекти. Предвидена е градба на 49 станови со вкупна корисна површина од 4.248 м². Во анализираниот период во општина Струга е издадено едно, додека во Дебрца не се издадени одобренија за градење.

На ниво на Република Македонија, во ноември минатата година издадени се 260 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија, 155 се наменети за објекти од високоградба, 59 за објекти од нискоградба и 46 за објекти за реконструкција. Од вкупно 260 објекти, на 146 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 114 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 542 станови, со вкупна корисна површина од 49.111 м². (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука