Во октомври во Охрид издадени 7 одобренија за градба, во Струга и Дебрца ниту едно
декември 12, 2024

Охрид, 12. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во месец октомври во Охрид биле издадени 7 одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија.

Од нив едно е на физичко лице, додека 6 на деловни субјекти. Предвидена е градба на 41 станови со вкупна корисна површина од 2.163 м². Во анализираниот период во општините Струга и Дебрца не се издадени одобренија за градење.

На ниво на Република Македонија, во октомври годинава издадени се 363 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија, 216 се наменети за објекти од високоградба, 75 за објекти од нискоградба и 72 за објекти за реконструкција. Од вкупно 363 објекти, на 223 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 140 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 913 станови, со вкупна корисна површина од 81.247 м². (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука