декември 13, 2017

Струга, 13. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – На територијата на општина Струга во октомври биле издадени 25 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

Во поголем дел од случаите, односно 20 како инвеститор се јавува физичко лице, а во пет случаи правен субјект. Предвидената вредност на објектите е 90 534 000 денари.

Колку за споредба, во месец септември во Струга беа издадени 9 одобренија за градба. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука