Струга, 27. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Две нови „Роса школи за доење“ се отворија во рамки на општите болници во Струга и во Кавадарци, благодарение на донацијата од „Пивара Скопје“ и „Coca-Cola“, преку брендот „Роса“, а во соработка со Министерството за здравство.
Целта на школите е да им помогне на младите родители во справување со предизвиците од нивните нови животни улоги. Во новите модерно опремени школи за доење во Струга и Кавадарци сите нови и идни мајки ќе добијат бесплатна стручна помош, совети и соодветна едукација за процесот на доење и за родителството воопшто.
Ова е дел од долгорочната иницијатива на „Роса“ за поддршка на новите родители, која од 2018 година се спроведува заедно со Министерството за здравство и во рамки на која досега се отворени 9 школи за родителство и 8 школи за доење во повеќе градови низ земјава.
„Пивара Скопје“ заедно со Министерството за здравство и во 2025 продолжува со оваа иницијатива, со цел унапредување, промоција и поддршка на доењето. За реализација на овој проект и опремување и реновирање на просторот, компанијата одвојува по 1 денар од секое продадено шише „Роса“ од 1,5 и 0,5 литри. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива