Дебрца/Охрид, 31. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Општина Дебрца и Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ од Охрид заеднички ќе го одбележат 2-ри февруари, Светскиот ден на водните живеалишта.
Темата на годинашниот настан е „Кон подобро управување со Охридското Езеро, Студенчишко блато и Белчишко блато“.
Во агендата за овој еколошки важен датум се предвидени презентации за студиите за валоризација на овие важни екосистеми, прикажување на едукативно-документарен филм „Белчишко Блато – синиот бисер од Дебрца“, како и јавна дискусија и дегустација на традиционални специјалитети.
Свое обраќање ќе има министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, а за значењето, заканите и мерките за слатководните живеалишта ќе говори д-р Орхидеја Тасевска, од Хидробиолошкиот Институт од Охрид.
Настанот ќе се одржи во среда, од 11:00 часот, просториите на идниот музеј на Белчишко блато, во село Белчишта. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива