октомври 22, 2017

Охрид, 22. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во месец август во Охрид биле издадени вкупно четири одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

Во сите случаи како инвеститир се јавува физичко лице, а предвидената вредност на објектите е 25 816 000 денари.

Со издадените одобренија е предвидена изградба на 28 станови, од кои два еднособни и 26 двособни, со вкупна корисна површна од 1.490 м2.

Во анализираниот период, во Општина Дебрца нема издадени одобренија за градба.

На ниво на Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика, во август се издадени 232 одобренија за градење, што е за 6.8% помалку во однос на истиот месец од претходната година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука