Охрид, 24. октовмри 2014 (ИНПРЕС) – Во рамките на своите активности во делот на здравствено-превентвната област, а како поддршка на активностите на Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“, Црвен крст Охрид и Здружението „Мозочен удар“ организираат Отворен ден за сите прашања, поврзани со мозочниот удар.
Активностите на охридското здружение, како и на Црвениот крст се насочени кон советување за третманот и рехабилитација на лица кои доживеале мозочен удар, како и презентирање на ризик фактори и мерки за превенција и заштита од мозочен удар за широката популација,
Настанот ќе се реализира на Градскиот плоштад Климент Охридски, в недела на 26-ти октомври во времето од 11:00 до 14:00 часот каде сите заинтересирани ќе можат да добијат корисни совети од стручен тим составен од невролог, физијатар, интернист, психолог и советник за исхрана, а исто така ќе можат да извршат и проценка на ризик факторите за мозочен удар, преку мерење на соодветни параметри (гликемија, ТА, ЕКГ). (Крај/А.Р.)
извор: Супер радио фото: архива