Охрид, 4. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни (локално над 20 л/м2).
Во вечерните часови врнежите ќе престануваат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Maксималната температура во Охрид ќе се искачи до 16. степени.
– Денес под влијание на влажен бран на повеќе места ќе има врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни (локално над 20 л/м2). Во вторник и среда ќе настапи стабилизирање на времето со пораст на дневната температура. Од четврток повторно ќе биде променливо облачно со локален дожд, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 48