Охрид, 29. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во првата половина од денот не очекува променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува.
Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
УВ индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 26. степени.
– На почетокот на оваа седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Ќе има и повремен локален дожд со грмежи, утре во првата половина од денот, а во следните два дена во попладневните часови. Потоа до петок ќе преовладува стабилно и многу топло време, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 15