Охрид, 27. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето предпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
УВ индексот има вредност 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 30. степен.
– Во попладневните часови денес ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а потоа до крајот на неделата следува период на стабилно и топло време. Од утре времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 27