Охрид, 28. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде претежно облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 15. степени.
– До петок ќе се задржи променливо облачно и свежо време со повремен локален дожд, особено на југот. Во петок врнежите ќе бидат полокализирани. Во сабота се уште на повеќе места ќе има зголемена облачност, но ќе биде суво. Во недела и понеделник ќе биде претежно сончево и малку потопло преку денот, но со пониски утрински температури. Нов влажен бран се очекува од средината на наредната работна седмица, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: архива
Прочитано: 19