јуни 30, 2019

Охрид, 30. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.

УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 27. степени.

– Под влијание на топол бран од утре следува многу топло време со максимални дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30, а во вторник и во среда на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Од среда до петок, во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука