Охрид, 1. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес се очекува претежно сончево и топло време. Попладне, особено во западните делови ќе има изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ индексот има вредност 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 31. степени.
– До сабота ќе се задржи доста топло време со повремено засилен северен ветер, а во сабота ветерот ќе засилува. Во сабота во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе биде малку посвежо, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 19