Охрид, 3. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено на исток каде се можни поинтензивни процеси.
УВ индексот ќе биде 5, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 25. степени.
– Нашето подрачје денес ќе потпадне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, што ќе предизвика променливо облачно и нестабилно време со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, со можност за појава на невреме. Пообилни врнежи се очекуваат во источните и крајните северозападни делови од земјава. Од понеделник времето ќе биде променливо, посвежо и ветровито, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: архива