Охрид, 10. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено попладне.
УВ индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 28. степени.
– Под влијание на влажна, посвежа и нестабилна воздушна маса времето денес ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, град и пообилни врнежи (над 30 л/м2), информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 20