август 3, 2019

Охрид, 3. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес во Охрид ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

УВ индексот има вредност 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 30. степени.

– Денес претежно во северните и источните делови ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а локално ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер. За време на двата дена од викендот ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе услови опаѓање на дневната температура, денес во северните делови, а од утре насекаде низ земјава. Од понеделник следува период на сончево време со повторен пораст на температурата, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука