Охрид, 3. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Maксималната температура во Охрид ќе се искачи до 21. степени.
– Под влијание на влажен бран денес и утре ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има доцна попладне и во текот на ноќта (локално над 30л/м2) кога на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и посвежо, а локален дожд се очекува во ноќта сабота кон недела, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 31