септември 12, 2017

Охрид, 12. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за локален дожд со послаб интензитет. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и југозападен правец.

УВ индексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 24. степени.

– Во среда ќе има услови за краткотраен локален дожд. Потоа, во наредните денови ќе преовладува стабилно време и малку посвежо, но понатаму дневната температура ќе има тенденција во постепен пораст, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука