февруари 6, 2023

Охрид, 6. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и многу студено време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се искачи до -1. степени.

– Денес ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60км/ч). Во следните денови ќе се задржи стабилно и студено време со температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. На места минималните температури ќе се спуштат и под -10 степени, а и дневните ќе бидат под нула до среда, а потоа ќе имаат тенденција на постепен благ пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука