јули 14, 2019

Охрид, 14. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес променливо облачно и посвежо, претпладне со врнежи од дожд проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

УВ индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 23. степени.

– Следува период на променливо и посвежо време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи. Денес претпладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (во источните делови над 20л/м2) проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука