јули 2, 2019

Охрид, 2. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 32. степени.

– Следува период на многу топло време со максимални дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30, а утре и во среда на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Зголемената влажност на воздухот ќе допринесе да се има чувство дека температурите се повисоки од измерените. Од среда до петок во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука