јули 21, 2019

Охрид, 21. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 31. степени.

– Денес и утре ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има услови за краткотраен локален дожд. Дневните температури ќе опаднат за неколку степени, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука