Охрид, 14. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и потопло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец.
UV индексот ќе биде 6, а максималната температура ќе се искачи до 25. степени.
– До петок времето ќе биде стабилно со позначаен пораст на температурата. Особено топло ќе биде во четврток и петок, кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината. Во сабота ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела ќе дува силен северен ветер што ќе услови значително заладување, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 35