август 16, 2019

Охрид, 16. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.

УВ индексот има вредност 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 27. степени.

– Од утре следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука