Охрид, 2. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид сончево време со умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
UV индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 27. степени.
– За време на викендот ќе преовладува сончево време со свежи утра и потопло преку денот. Под влијание на влажен бран во понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови значително намалување на дневната температура. Од вторник се очекува претежно стабилно време со умерен до засилен северен ветер, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 21