јули 3, 2019

Охрид, 3. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе има пороен дожд и грмежи.

УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 32. степени.

– Утре времето ќе биде многу топло со максимални температури кои во југоисточните делови ќе достигнат 40 степени. Целата територија ќе биде во жолта фаза за високи температури. До петок во попладневните часови на места ќе има пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме. Потоа следува период на стабилно и топло време, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука