август 2, 2019

Охрид, 2. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес во Охрид ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

УВ индексот има вредност 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 32. степени.

– Кон крајот на денот и во сабота ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Во сабота особено во северните и источните делови ќе има и услови за изолирана појава на невреме. За време на викендот ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови од недела да има благ пад на температурите, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука