август 9, 2019

Охрид, 9. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес во Охрид ќе биде сончево и многу топло со зголемена облачност во текот на денот и со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

УВ индексот има вредност 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 33. степени.

– До среда ќе се задржи сончево и многу топло време. Ќе биде активирано жолто, а во некои подрачја и портокалово ниво за опасност од високи температури и УВ зрачење, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука