Охрид, 10. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес во Охрид ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб претежно североисточен ветер.
УВ индексот има вредност 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 35. степени.
– До среда (14.08.2019 година) ќе се задржи сончево и многу топло време. Ќе биде активирано жолто, а во некои подрачја и портокалово ниво за опасност од високи температури, а висок ќе е и индексот на УВ зрачење. Во среда попладне и во четврток ќе се зголеми облачноста и ќе има локален пороен дожд со грмежи и температурите ќе опаднат, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 15