Охрид, 23. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 32. степени.
– Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Пороен дожд и грмежи ќе има и во понеделник. Повеќе врнежи во овие два дена ќе има во западните делови каде локално се очекува да наврнат над 30 л/м2. Потоа времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Дневната температура ќе опадне за 6 до 8 степени, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 24