август 13, 2019

Охрид, 13. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес во Охрид ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од југоисточен правец.

Насекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 41 степен.

УВ индексот има вредност 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 35. степени.

– Утре само во јужните делови ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење. Кон крајот на денот и во четврток на места ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Во четврток и петок ќе дува засилен северен ветер и температурата ќе опадне за 5 до 8 степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука